Менаџерот на Клајд ги изненади сите – Сам си се стави во игра на 50-годишна возраст

Дени Ленон ја има комоцијата сам да си одлучи дали ќе игра или не за Клајд, клуб каде што го има статусот на играч-менаџер, а повторно истрча на терен на 50-годишна возраст.

Ленон влезе во игра за Клајд во второто полувреме на дуелот со Селтик колтс и се радуваше заедно со своите играчи на победа од 2:1.

Неговото појавување на теренот ги изненади сите, а Ленон е еден од највозрасните играчи во историјата на шкотскиот фудбал што настапил на еден меч.

Сепак, Дени има и големи проблеми бидејќи стартот во Лига 1 е лош за него и за Клајд, а клубот е последен по три кола само со еден бод и дури 9 примени гола.

- Оглас -

Најнови вести