Мерино е „злато“ вреден за Шпанија, се сеќавате ли што направи пред две години?

Шпанската фудбалска репрезентација е полна со ѕвезди, таленти и играчи кои едноставно не може сите да бидат стартери. Еден од оние кои се во „сенка“ на големите ѕвезди, но е фудбалер кој е многу благодарен и корисен е Микел Мерино.

Фудбалерот кој пред два месеца стана шампион со Арсенал во Премиер лигата, а поради повреда на ногата дури беше неизвесен дали ќе игра на Мундијалот, синоќа се покажа како херој на Шпанија во победата над Португалија. Мерино во игра влезе во 86-тата минута на местото на Дани Олмо и му беа потребни само неколку минути за да постигне гол. Во 90+1 минута тој одлично продре меѓу одбраната на Португалија и го матира противничкиот голман за победа на Шпанија од 1:0 и пласман во четвртфиналето на Мундијалот.

Ова не е првпат Мерино да биде среќен за Шпанија. Тој има постигнато вкупно 11 гола во 48 меча за Црвената фурија, а еден од оние погодоци кои се памтат беше на Европското првенство пред две години. Се играше четвртфинале против Германија, кога Мерино повторно влезе од клупата за резерви на нерешен резултат. Тогаш се играа и продолженија, а буквално пред да истечат 120-те минути и да се продолжи со изведување пенали, Мерино блесна и даде гол за победа на Црвената фурија и пласман во финалето на континенталниот собир.

Едноставно, пред две години Мерино го трасираше патот на Шпанија до европската титула, а сега тој уште еднаш се покажа како „џокер“ од клупата за победа на неговата селекција.

- Оглас -

Најнови вести