Мертенс џогираше низ Неапол и ги подели фановите на Наполи (Видео)

Белгиецот Дрис Мертенс беше снимен како џогира по улиците во една неаполска населба, со цел да си ја одржува физичката форма, и предизвика доста коментари. Во ек на пандемијата од коронавирусот, Мертенс со маска на лицето си трчаше, и со тоа се изложи на ризик, па многумина го критикуваа.

Некои фанови прашуваат дали Мертенс знае за препораките на властите дека треба да се седи дома. Но, има и такви кои го оправдуваат потегот. Тие се потпираат на едно од правилата кои ги издаде италијанската Влада, а тоа е дека физичка активност на отворен простор е дозволено, но само поединечно и да се држи растојание од останатите луѓе, не во група. Со оглед на тоа дека Мертенс е сам, не ги крши правилата.

- Оглас -

Најнови вести