Каква луда тактика: Мерцедес го жртвуваше Ботас само за да му го загорчат „животот“ на Верстапен

Валтери Ботас ќе стартува од 17-тата позиција на трката за Големата награда на Русија, а не како што беше по вчерашните квалификации на кои возачот на Мерцедес беше седмопласиран. Од екипата на Мерцедес утрово одлучија да направат некои измени во моторот на болидот на Ботас, а тоа автоматски значеше и казна за него од 10 места на стартот.

Оваа одлука од таборот на Мерцедес не е случајна. Со враќањето на Ботас на 17-тото место, ќе му се направи дополнителен проблем на Макс Верстапен, кој е единствениот ривал на Луис Хамилтон во трката за шампионскиот примат. Верстапен ќе стартува како последен и наместо лесно да помине 10-тина болиди кои ќе бидат пред него, а реално се поспри, сега ќе мора да се бори со Ботас, кој ќе има задача што е можно подолго да го задржува ривалот на „опашката“ на трката.

 

- Оглас -

Најнови вести