Месец за паметење на капитенот, Пандев вели нека заврши со победа против Словенија

Горан Пандев триумфално против Летонија го прослави убавиот јубилеј и стоти меч за Македонија, а март ќе му остане вечно во сеќавање и со 400-тиот настап во Серија А и по голот што му го даде на Јувентус играјќи за Џенова.

„Нека заврши месецот со победа против Словенија и ќе бидам пресреќен. Одигравме добар меч против Летонија и важно е што го продолживме континуитетот победи. 

Имаме малку време да се одмориме пред дуелот со Словенците во недела, а се надевам дека ќе одиграме како што знаеме. Тоа ќе биде вистински тест за нас. Очекувам да го прифатиме предизвикот и да забележиме добар резултат“, изјави Пандев.

Капитенот го пофали големиот талент Елиф Елмас, кој постигна два гола во победата од 3-1 против Летонија.

„Тој е нашиот најголем талент, има квалитет, карактер и верувам дека ќе продолжи да игра уште подобро. Очекувам од него и да направи трансфер во уште поголем клуб од Фенербахче“, додаде капитенот на македонската репрезентација.

Во недела во Љубљана ќе има стокец, односно ќе го игра 101-виот натпревар за Македонија, па нека биде победнички за заокружување на исклучително успешниот месец за него.

- Оглас -

Најнови вести