Меси: Донесов конечна одлука, во Катар ќе биде моето последно Светско првенство!

Лионел Меси нема да игра на Светското првенство во 2026 година. Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, рече дека Мундијалот во Катар ќе му биде последен во кариерата и тоа му е дефинитивна одлука.

„Ги бројам деновите до почетокот на СП. Таму нема слаби противници, затоа е интересно. Аргентина секогаш е меѓу фаворитите, но не мислам дека сме топ-фаворити, има посилни од нас, а ние сме блиску зад нив. Физички одлично се чувствувам, но ова е последно СП за мене, дефинитивно“, изјави Меси во интервју за Стар+.

Аргентина е еден од главните фаворити за титулата на претстојното СП заедно со Бразил и неколку европски селекции. Катар 2022 е последна шанса за Меси да ги однесе Гаучосите на фудбалскиот врв на светот.

Не се знае само дали Меси нема воопшто да игра кога ќе има 39 години (во 2026) или ќе се повлече само од националниот тим.

Мундијалот во Катар е петто СП на кое ќе се појави суперѕвездата на ПСЖ, а за 2023 година е оставена одлуката да реши дали останува во парискиот клуб и по истекот на договорот во јуни или ќе се врати во Барселона.

- Оглас -

Најнови вести