Меси е „копија“ на некогашниот шпански и српски селектор кога бил млад (Фото)

Фотографии од младоста на тренерот Хавиер Клементе предизвикаа големи реакции во шпанската јавност и пошироко, и тоа поради сличноста со Лионел Меси. Клементе, кој има 70 години, е поранешен фудбалер, но во последните 45 години работи како тренер и во моментов е селектор на шпанската покраина Баскија.

Некогашниот селектор на Шпанија и Србија во 1969 година, кога беше играч на Атлетик Билбао, навистина многу личи на суперѕвездата на Барселона, особено во очите и косата. Една од шегите е дека Меси пред 50-тина години играл за Билбао.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести