Меси е заспаниот крал: Знаете ли колку време нема ни гол ни асистенција на Ел Класико?

Во последните 15-тина години, Лионел Меси стана еден од заштитните знаци на Ел Класико. Капитенот на Барселона е фудбалерот кој е најдобар стрелец во речиси 120-годишнината од најголемто светско фудбалско дерби. Меси има 43 меча против Реал Мадрид во кои има постигнато дури 26 голови.

Освен овие 26 гола, Лео има и 14 асистенции, па со тоа доаѓа до бројката од 40 погодоци во кои Меси е директно инволвиран против Реал Мадрид. Од шпанските клубови, само три екипи повеќе пателе од Реал. Меси на Севилја има дадено 37 голови, против Атлетико ја тресел мрежата вкупно 32 пати, а Валенсија примила 28 погодоци од Меси.

Иако има одличен биланс против Реал, за Меси е загрижувачка статистиката на последните пет Ел Класика. Во последните две години, капитенот на Барселона нема ниту дадено гол, ниту поделено асистенција за погодок против Реал Мадрид. Ваков пост, Меси досега немал во Ел Класико дуелите. Засега времето е на 425 минути без гол и асистенција на Меси против Реал Мадрид. Прашање е кога ќе се стопира ова броење?

Некогашната ѕвезда на Барселона, Ривалдо, вели дека токму овој меч треба да биде шанса Меси да покаже дека уште се грижи за каталонскиот гигант и дека уште е главен играч на Ел Класико.

Шесткратниот освојувач на Златната топка се очекува да биде најистурен во нападот на Барселона за денешниот дуел против Реал Мадрид. 

 

- Оглас -

Најнови вести