Меси го даде првиот погодок сезонава, и тоа еврогол од слободен удар (Видео)

Барселона ја гази Севилја со 4:0, а последен во листата на стрелците се запиша Лионел Меси. Аргентинецот кој игра од првата минута, се очекува да го одигра првиот цел меч сезонава. Тоа што беше невообичаено, Меси до овој дуел немаше дадено гол, но тоа е разбирливо ако се знае дека поголем дел од мечевите не беше на теренот.

Меси против Севилја покажа дека не заборавил како се постигнуваат голови. Најдобриот стретец во историјата на Примера дивисион погоди од слободен удар во 78-мата минута.

Иако ова беше прекрасен погодок на Меси, сепак се чини дека најдобриот погодок на овој дуел е дело на Луис Суарес, кој во првиот дел погоди со „ножички“.

https://youtu.be/owQzEuLSvlU

https://youtu.be/MsdtKmHBsYU

- Оглас -

Најнови вести