Меси го стопираше трансферот на Барселона од 50 милиони евра

Барселона го доведе Антоан Гриезман, а до крајот на летниот преоден рок се очекува уште едно ѕвездено име да пристигне на „Камп ноу“, а тоа е Нејмар. И додека сите се во исчекување дали Бразилецот ќе се врати во клубот каде што играше пред да замине во Пари Сен Жермен, челниците на каталонскиот гигант се обидуваат да доведат уште некој играч.

Тренерот Ернесто Валверде е во потрага по лев бек, кој треба да го наследи Жорди Алба. Изборот падна на Жуниор Фирпо од Бетис. Андалузискиот тим за овој играч побара 50 милиони евра од Барселона, но има опција договорот да биде постигнат и со давање на некој играч, плус пари.

Иако делуваше дека ќе има договор, сепак целата работа е стопирана. Се верува дека капитенот на Барселона, Лионел Меси, ставил забрана за да се реализира овој трансфер. Наводно, Фирпо е играч кој уште во 2012 година го навредувал Меси, па дури и и му се заканувал дека ќе му ја скрши ногата.

Јавна тајна е дека речиси за секој поголем трансфер во Барселона мора да се добие дозвола и од Меси, а овојпат Аргентинецот ставил вето за доаѓањето на играчот на Бетис, па најверојатно трансферот и нема да се случи.

 

- Оглас -

Најнови вести