Меси има нова желба: Во Барселона го сака соиграчот од репрезентацијата

Барселона уште е во потрага по вистинско големо засилување откако неизвесни остануваат трансферите на ѕвездите Антоан Гриезман и Нејмар. Според најавите, капитенот на шпанскиот првак, Лионел Меси сега има нов миленик, кој би сакал да го види во редовите на Барселона.

Лаутаро Мартинес е младиот напаѓач кој го импресионираше Меси за време на заедничките настапи на Копа Америка. Голгетерот кој има само 21 година од минатата сезона е член на Интер, каде што во Серија А одигра 27 меча и даде шест гола. Менаџерот на Мартинес потврдува дека има интерес од Барселона, но тоа не е ништо конкретно.

„Уште никој официјално не се јавил, но знам дека ги следат настапите на Лаутарио. Знам дека од Барселона постои интерес за него“, вели Алберто, менаџерот на аргентинскиот фудбалер.

Сепак, малку е нереално летово Мартинес да дојде на „Камп ноу“ ако се знае дека Интер во договорот има ставено откупна клаузула вредна 112 милиони евра за предвремен раскин на соработката.

 

- Оглас -

Најнови вести