Меси има своја Топ-5 листа, не се смета себеси и Роналдо

Лионел Меси има своја Топ-5 листа со најдобри активни фудбалери, а на неа не се стави себеси, но и Кристијано Роналдо, но од почит, со изјава што покажа респект кон големиот ривал.

„Уживав кога игравме ден против друг во Шпанија. Тоа беа тешки мечеви нешто најдобро што фудбалот може да го понуди и најдобра реклама за играта. Ќе се изземам себеси и него, па во Топ-5 ќе ги ставам Мбапе, Нејмар, Кун, Азар и Суарес“, изјави Меси.

Секако Кун го препознавате, се работи за Агуеро, а покрај еден од најдобрите пријатели на Меси тука се и Нејмар и Суарес, кои играат, или играле за Барселона, а и му се заедно со Агуеро најдобри пријатели.

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести