Меси изнуди пенал, па шутот од 11 метри му го препушти на Серхио Рамос

Пари Сен Жермен води со 1-0 по првото полувреме на пријателскиот натпревар против францускиот второлигаш Кевили Руен. Голот го даде Серхио Рамос од пенал.

Новиот тренер на Светците, Кристоф Галтие, воведе некои новини во екипата. На голот е Џиџи Донарума, а резерва е Кејлор Навас. Ваквата ситуација беше реткост во минатата сезона. Плус тоа, пеналот не го шутна Меси, туку Рамос. Меси денеска игра како полушпиц, а не како крило како кај екс тренерот Покетино.

Пеналите се задолжение на Мбапе, но тој денеска не е во составот (го нема и Нејмар), па затоа Рамос доби шанса, и ја искористи. Инаку, пеналот го изнуди Лионел Меси, но Аргентинецот не сакаше да го изведе и топката му ја препушти на Шпанецот. Во минатата сезона, Меси утна еден важен пенал против Реал Мадрид во ЛШ.

- Оглас -

Најнови вести