Меси ќе треба да бира: Аргентина или Барселона

Лионел Меси може да пропушти три натпревари од шпанското првенство поради повик за настап за националниот тим, најавуваат шпанските и аргентинските медиуми. Ова внесува немир во редовите на Барселона, која ќе биде лишена од неговите услуги.

Гаучосите сметаат на 33-годишниот фудбалер и планираат да го повикаат за квалификациските мечеви за СП 2022. На 8 октомври Аргентина игра дома против Еквадор и пет дена подоцна со Боливија, но проблемот е што ако Меси ја прифати поканата, ќе треба да мине две недели во изолација во својата родна земја пред да почне да тренира со соиграчите.

Барселона во периодот од 27 септември до 4 октомври има натпревари од Ла Лига со Вилјареал, Селта и Севилја и тоа се трите меча на кои Меси можеби нема да игра затоа што ќе седи дома во изолација. Секако, постои простор да се направи некаков договор и компромис, но можно е секакво сценарио.

- Оглас -

Најнови вести