Меси направи голема промена на својот изглед, дали тоа ќе му донесе среќа?

Барселона ги одбројува часовите до мечот на кој ќе се борат за првиот трофеј сезонава. Каталонскиот гигант в сабота ќе игра против Атлетик Билбао во финалето на Купот на Шпанија. Барселона е рекордер во ова натпреварување и досега има дури 30 титули, но и Атлетик Билбао е одличен и низ историјата дури 23 пати бил освојувач на трофејот во Купот.

На денешниот тренинг на Барселона, капитенот Лионел Меси се појавил „освежен“, односно без брада. Меси веќе неколку години како свој препознатлив имиџ ја има брадата, но сега решил да ја скрати, и тоа токму пред финалето во Купот против Атлетик Билбао.

Со новиот лик, Меси сега многу наликува на имиџот што го имаше пред шест години, токму тогаш кога последен пат Барселона и Атлетик Билбао играа во финалето на Купот. На тој меч Барселона победи со 3:1, а Лео блесна со два фантастични погодоци.

- Оглас -

Најнови вести