Лионел Меси ги сподели своите впечатоци по драматичната победа на Аргентина од 3-2 против Египет во осминафиналето на Светското првенство 2026. Капитенот на Гаучосите не го криеше задоволството по големиот пресврт, откако Аргентина успеа да се врати од негатива од два гола.
„Искрено, среќен сум што се пласиравме понатаму, особено ако се земе предвид начинот на којшто го направивме тоа. При 0-2 беше навистина многу тешко. Одлично е чувството кога ќе се вратиш во натпреварот. Повторно ни беше исклучително тешко, но ова е Светско првенство. Секој меч е ваков. Сите репрезентации се рамноправни. Пресреќен сум“, изјави Меси.
„Ова беше големо олеснување за сите ако се знае како се одвиваше натпреварот. Не е лесно да губиш со 0-2, но, како што секогаш велам, овој тим никогаш не се предава и се бори до самиот крај“, додаде аргентинскиот капитен.
„Имавме среќа што Кристијан Ромеро постигна гол додека сè уште имаше доволно време за игра, а потоа успеавме да направиме целосен пресврт уште во регуларниот дел од натпреварот. Тоа што тимот го прикажа беше неверојатно. Многу ми е драго што навивачите ќе продолжат да уживаат во нашата игра. Се надевам дека ќе продолжиме во ист ритам“, порача Меси.

