Меси не е по парите и љубовта кон Барселона е безгранична, но има еден услов

Жоан Лапорта најави дека ќе стори сè за да го задржи Лионел Меси во Барселона, а се најавува дека ќе му понуди доживотен договор за да го задржи Аргентинецот во клубот и по завршувањето на играчката кариера.

Меси е свесен дека Барселона веќе нема пари за лускузни договори и како што најавуваат шпанските медиуми, би прифатил да остане до крајот на кариерата и за помала плата, но со еден исполнет услов.

Иконата на Барса ќе бара тимот да биде кокурентен за највисоки дострели и да се засили квалитетно за атак на шпанската круна, но и што му е уште поважно, рамноправно да се трка за европската титула во Лигата на шампионите.

Договорот на Меси со Барселона му истекува ова лето и Лапорта има малку време за да го исполни условот на Аргентинецот. Меси во сениорската кариера играше само за Барселона, клуб во кој пристигна како дете во 2000 година од Њуелс олд бојс.

 

- Оглас -

Најнови вести