Црвена ѕвезда се пофали – И ние имаме наш Меси (Фото)

Лионел Меси не е сам со два гола на еден меч против Ливерпул, сезонава и пред него во фазата по групи ист учинок имаше и Милан Павков, напаѓачот на Црвена ѕвезда.

Во фазата по групи, Павков погоди двапати, а српскиот првак сензационално победи со 2-0.

Вчера му се приклучи и Лео Меси со два гола против избраниците на Јирген Клоп, па тоа се единствените двајца играчи што на еден меч му дале повеќе од еден гол на одличниот Ливерпул во Лигата на шампионите оваа сезона.

На интересен начин на официјалниот инстаграм-профил на клубот од Црвена ѕвезда се пофалија за учинокот на Павков против Ливерпул, а со него на фотографијата што ја објавија секако е и Лео Меси.

- Оглас -

Најнови вести