Меси не излезе од сенката на Марадона, но Гриезман ја спаси Барса (Видео)

Наполи – Барселона 1-1 и Челзи – Баерн 0-3 се резултатите од вечерашните дуели од осминафиналето во Лигата на шампионите. Со ова, Барса и Баерн се многу блиску до пласман во следната рунда.

Антоан Гриезман во вистински момент го даде својот прв гостински погодок во дресот на Барса на гостувањата во ЛШ. Гриезман од 2017 година немаше постигнато гол на гости во ова натпреварување. Барселона од 2006 година нема победено на гостување во Италија во нокаут-фаза, па и овие 1-1 им се супер ако се знае дека дома играат многу подобро. Лоша вест за Каталонците е исклучувањето на Артуро Видал, па тој нема да може да игра на реваншот на „Камп ноу“.

Елиф Елмас не доби шанса да влезе во игра. Наполи имаше шанса со минимална победа да отпатува на реваншот, но не ја искористи. Бускетс и Семедо ја измамија одбраната, а најлесниот дел му остана на Французинот Гриезман.

Серж Гнабри со два и Роберт Левандовски со еден гол покажаа дека се најопасни гости во ЛШ и го однесоа Баерн на прагот на четвртфиналето.

Ова е голот на Гриезман, кој веројатно беше најважниот вечерва:

https://www.youtube.com/watch?v=NSms6g3AcDY&feature=emb_title

- Оглас -

Најнови вести