Меси: Не знам дали Барселона сакаше Нејмар да се врати (Видео)

Не знам дали Барселона сакаше да го врати Нејмар или не. Јас лично сакав Нејмар да дојде повторно на „Камп ноу“, изјави Лионел Меси во интервју за каталонскиот „Спорт“.

Аргентинецот моментно не игра, а објави дека сè уште не е подготвен да се врати на теренот и дека нема да брза.

„Нема да играм против Валенсија и не знам точен датум кога ќе се вратам на терен. Не сакам да брзам, мора сè да биде в ред и да бидам потполно здрав и подготвен за игра“, изјави Меси.

Во интервјуто Аргентинецот објави дека сака уште долго да остане во Барселона, клуб кој го чувствува како свој дом и каде што ја мина целета кариера досега.

Погледнете го целото интервју на Меси за „Спорт“.

 

- Оглас -

Најнови вести