Меси откри кој бил неговиот најдраг момент за 21 години поминати во Барселона

Лионел Меси со солзи во очите се појави на последната прес конференција во Барселона. Аргентинецот кој цели 21 години беше дел од фудбалското семејство на Барселона, сега си заминува. Во текот на кариерата Меси сруши безброј рекорди и постави стандарди кои долго време нема да бидат срушени.

Со Барселона освои 35 трофеи, а Лео откри кој му е најдрагиот момент.

„Многу трофеи, многу радости, но најдрагиот момент во Барселона ми е кога дебитирав. Тоа беше остварување на мојот сон“, рече Меси, кој додаде дека воопшто не сакал да си замине од клубот, но едноставно работите биле такви да не може да остане. „Минатото лето сакав да си одам, но ова лето сакав да останам. Не сакав да заминам, сакав да останам, но едноставно не можев. Ќе биде тешко за сите, но луѓето постепено се навикнуваат на сите работи“, рече Меси на прес конференцијата полна со емоции.

 

- Оглас -

Најнови вести