Меси со семејството ќе живее во палата со 30 соби (Фото)

Ѕвездата на Пари Сен Жермен, Лионел Меси, со сопругата и трите деца, во моментов се сместени во хотел, а наскоро ќе се преселат во палата во близина на Париз.

Според француските медиуми, замокот вреди 48 милиони евра. Додека Меси за време на паузата беше во Јужна Америка за да игра за Аргентина во квалификациите за СП, неговата жена Антонела била во потрага по имот на кој би живееле додека Меси игра за ПСЖ.

Таа најпрвин гледала една куќа, но кога газдата дознал дека Меси сака да живее таму, ја кренал цената за кирија. Затоа, Антонела заминала да гледа други имоти, и најмногу ја бендисала палатата во Ле Везине. Палата е изградена во 1899 година, има 30 соби, а целиот имот се протега на 2.000 квадратни метри. И Меси дал зелено светло, па семејството дефинитивно наскоро ќе се смести таму.

Објектот е на 15 минути од тренинг базата на ПСЖ.

- Оглас -

Најнови вести