Меси со три асистенции го спаси ПСЖ во дебито на Рамос (Видео)

Пари Сен Жермен играше во најсилниот состав, но се намачи на гостувањето кај Сент Етјен, иако победи со 3:1. На голот на Светците беше Донарума, а во одбраната главни беа Маркињос и Рамос кој конечно дебитираше за новиот тим. Во офанзивниот дел беа Ди Марија, Меси, Нејмар и Мбапе, но ПСЖ до последниот момент стрепеше за победата.

Сент Етјен поведе со 1:0, а домаќините во 45 минута останаа со фудбалер помалку по црвениот картон на Тимоте. Само што добија играч повеќе на теренот, ПСЖ израмни.

Лионел Меси асистираше, а Маркињос погоди за 1:1 на полувреме. Во вториот дел, ПСЖ константно напаѓаше, но дури во 79 минута беше скршен отпорот на домаќините. Меси повторно асистираше, а војапт Ди Марија погоди за 2:1.

Во последните моменти од мечот беа како реприза на последните моменти од првиот дел. Лео асистираше, а Маркињос погоди за 3:1.

 

- Оглас -

Најнови вести