Меси тргна во напад да даде гол, а го сопре навивач! (Видео)

Пари Сен Жермен го имаше едно од најтешките гостувања во француското првенство и успеа да одигра без голови кај Олимпик во Марсеј. Светците за овој меч во нападот ги имаа Лионел Меси, Килијан Мбапе, Нејмар и Анхел ди Марија, но не успеаја да го скршат отпорот на домаќините.

Олимпик имаше огромна поддршка од навивачите. Освен од трибините, тимот од Марсеј во еден момент и на теренот доби помош од еден навивач. Меси беше во напад, кога „од никаде“ се појави еден навивач. Тој трчаше повеќе од 50 метри на теренот за да го стигне Меси.

Аргентинецот мораше да го сопре нападот, а дури откако се најде во близок контакт со натрапникот на теренот, се појавија луѓето од обезбедувањето.

- Оглас -

Најнови вести