Металург бодрен од Македонците во Цирих, на драматичен начин ја оствари целта (Видео)

Екипата на Металург утре ја чека ждрепката на која ќе ги добие противниците од групната фаза во Лигата на Европа, а пласманот беше остварен во крајно драматична завршницата на синоќешното гостување во Цирих кај Криенс. Заслуга за резултатот имаат и македонските љубители на ракометот кои живеат и работат во Швајцарија, а дојдоа да го бодрат тимот од Автокоманда.

Металург во финишот можеше да изедначи, но не го реализираше нападот и се најдовме во непријатна ситуација во последните 20 секунди да го брани последниот напад на противникот, и тоа со играч помалку. Одбраната беше на висината на задачата, за голема радост на сите.

Меѓу македонските навивачи беше и репрезeнтативецот Мартин Поповски, кој летово од Пролет се пресели во швајцарскиот прволигаш Амичитија.

Металург ја оствари својата прва од планираните цели во оваа сезона и на утрешната ждрепка мирно ги чека противниците во групата. Во групната фаза на ракометната ЛЕ ќе игра и Еурофарм Пелистер.

Погледнете ја завршницата на мечот Криенс – Металург, кој заврши 22-21 за домашните, но Металург оди понатаму бидејќи на првиот меч во Скопје славеше со 26-24.

- Оглас -

Најнови вести