Меведев конечно освои трофеј, Кирјос и Нишикори во борба за тронот во Вашингтон

Рускиот тенисер Данил Медведев е освојувач на турнирот во Мексико, откако во финалето без многу мака, со 7:5, 6:0 го победи Британецот Камерон Нори. Русинот со оваа победа прекина една очајна низа од пет порази во финалињата на турнирите.

За Медведев ова беше прв турнир по пауза од шест недели и покажа дека е во добра форма. За Русинот ова е прва титула по Мастерсот во Париз во ноември минатата година, вкупно 14-та титула во кариерата.

Со оваа победа, Медведев веќе си го обезбеди првото место на АТП листата најмалку до 11 септември кога завршува САД Опен. Токму Медведев е бранител на тронот во Њујорк.

Вечерва се игра уште едно финале и тоа во Вашингтон, во кое играат Ник Кирјос и Јошихито Нишикори. За Кирјос ова е прв турнир по настапот на Вимблдон, каде во финалето загуби од Новак Ѓоковиќ.

- Оглас -

Најнови вести