Михајловиќ со писмо се заблагодари на сите: Ги истрошив сите солзи, подготвен сум за битка

Пред неколку дена Синиша Михајловиќ откри дека боледува од акутна леукемија. Иако се работи за страшна болест, некогашната фудбалска ѕвезда од Србија ќе остане тренер на Болоња, но парарелно ќе ја води и најголемата битка, таа за животот.

На адреса на Михајловиќ пристигнаа илјадници пораки за закрепнување, а Синиша реши да им се обрати на сите со отворено писмо преку медиумите.

„Постојат моменти во животот кога останувате сами во борба против ривал кој е тешко да се совлада или пред проблем кој е тешко решлив. Моментно живеам во една таква ситуација. Сепак, се чувствувам многу среќно затоа што знам дека не сум сам“, вели Михајловиќ на почетокот на писмото .

„Открив дека имам голема поддршка. Изминативе неколку дена добив едно море писма, солидарност и позитивна енергија кои ми даваат неверојатна сила и верба дека ќе ја добијам оваа борба со леукемијата. Добил илјадници пораки и жалам што не можев да одговорам на сите. Им благодарам на клубовите во коишто играв, но и на тие во коишто никогаш не сум заиграл, а покажаа почитување и желба за мое оздравување. Им благодарам на сите соиграчи, но и на ривалите на теренот кои ми дадоа поддршка. Им благодарам на сите оние кои лично не ги знам, но велат ’Напред Синиша’, ’Не се откажувај Синиша’. Сите тие пораки многу ми значат. Ги истрошив сите солзи. Во благодарам, ви благодарам, ви благодарам“, вели Михајловиќ во отвореното писмо.

 

- Оглас -

Најнови вести