Мика Ричардс направи урнебес, Англичани го критикуваат однесувањето на Карагер (Видео)

Видео на кое се некогашниот играч на Манестер сити, Мика Ричардс, и Џејми Карагер кој се прослави во Ливерпул, стана хит во светот, поради прославата на Ричардс на погодокот кој го постигне Кевин Де Бројне за 1-1 на синоќешниот меч со ПСЖ. Шоуто се случуваше во студиото на американската телевизија ЦБС.

Кога парижаните дадоа гол, Карагер се израдува и викна „Маркињос! Ти кажав дека тој ќе направи разлика“. Оваа негова реакција не беше добро прифатена од оние негови сонародници кои сметаа дека тој требало да навива за англискиот тим.

Но, кога Сити погоди за 1-1, Ричардс полуде од радост, трчаше и танцуваше низ студиото, и викаше на цел глас, додека Карагер најпрвин беше исплашен, а потоа незадоволно вртеше со главата. Кога Граѓаните поведоа, Ричардс остана мирен, како да очекуваше да се случи тоа.

Погледнете:

https://www.youtube.com/watch?v=AH6W8YQ0zWU

- Оглас -

Најнови вести