Милан убедлив на дербито – Без Чиро замина возот за титула на Лацио (Видео)

Лацио доживеа непријатен пораз што го оддалечи од битката за титулата, а вечерва Милан му оддржа лекција на второпласираниот тим во Серија А.

Без најдобриот стрелец во Калчото, Чиро Имобиле, кој не играше поради жолти картони домаќините беа немоќни и загубија со 0:3.

Хакан Чалханоглу најави тешка ноќ за Лацијалите со прекрасен гол за Милан во 23. минута, а потоа погоди и Златан Ибрахимовиќ, за првпат по корона паузата од три месеци.

https://www.youtube.com/watch?v=4GgSfkGcBR0

Напаѓачот на Милан беше прецизен од белата точка во 34. минута и најави сигурна победа на Росонерите.

За печат на убедлив триумф се погрижи Анте Ребиќ со десеттиот негов гол сезонава во Калчото, а го постигна во 59. минута.

Милан си ја искористи шансата против ослабениот Лацио и со триумфот од 3:0 го прескокна Наполи на шестата позиција со 46 бода.

Лацио остана на второто место, но сега заостанува за 7 бода зад лидерот Јувентус на 8 кола до крајот на првенството.

- Оглас -

Најнови вести