Милан има 40 милиони евра за нов напаѓач, но не знае кого да одбере

Севилја и официјално потврдила дека ќе гоп откупи договорот на Андре Силва. Овој играч дојде во андалузискиот тим како позајмен играч од Милан за само четири милиони евра. Силва блесна во изминативе неколку месеци и даде осум голови, па Севилја реши да доплати 40 милиони евра и да го откупи договорот.

Со заминувањето на Силва, Милан ќе има доволно пари да купи нов играч во нападот, но проблемот е кој да биде изборот. „Росонерите“ го имаат Гонзало Игуаин на позајмица од Јувентус, но тешко дека ќе ги вложат парите во Аргентинецот, кој е втор најскапоплатен играч во Серија А, веднаш зад Кристијано Роналдо.

Како опција е и доведување на Кжиштоф Пјонтек од Џенова, но тимот каде што игра и Горан Пандев нема да се откаже од Полјакот кој е прв стрелец во Серија А. Милан сезонава има дадено само 26 голови во 19 меча, најмалку од првопласираните осум екипи во првенството. „Росонерите“ моментно се на петото место и главна цел им е на крајот од сезоната да се изборат за место кое води во Лигата на шампиони.

- Оглас -

Најнови вести