Милан ја има магијата и без Ибракадабра

Милан ја има магијата и без Ибракадабра и лесно и уверливо ја победи Фиорентина за зацврстување на врвот на табелата во Серија А.

Росонерите постигнаа два гола во првото полувреме, промашија и пенал за поубедлива предност, но најважно им е што ги освоија бодовите со триумф од 2:0.

Ибрахимовиќ е повреден, а улогата да постигнуваат голови против Фиорентина му ја презедоа Ромањоли и Кеси. Стоперот погоди со удар со глава во 17. минута, а Кеси беше стрелец од пенал во 28. минута, па исходот на мечот веќе беше познат.

Кеси промаши нов удар од белата точка за Милан во 40. минута, но без последици за лидерот во Калчото.

Милан се зацврсти на врвот на табелата со 23 бода, а сега има 7 победи и две ремија, без ниту еден пораз.

Во вториот меч што денеска се играше во 15 часот Болоња го победи Сасуоло со 1:0, а голот вреден три бода го постигна Соријано во судиското продолжение од првото полувреме.

- Оглас -

Најнови вести