Милан ќе продолжи таму каде што застана, без проблем треба да го „згази“ денешниот ривал

Милан – Болоња (20:45 ч.)

Милан беше најпријатното изненадување во Серија А по враќањето на фудбалските возбудувања во ерата на корона-вирусот. Откако во јуни продолжија со натпреварите досега, Росонерите немаат ниту еден пораз. Одиграа вкупно 18 дуели и забележаа 14 победи и само четири нерешени.

И во новата сезона Милан почна со победа, и тоа на гости кај Шемрок роверс во меч од квалификациите за пласман во Лигата на Европа. За Црвено-црните ќе биде од големо значење и во првото коло од домашното првенство да почнат со победа, а Болоња е одличен противник за такво нешто.

Во последните девет меѓусебни меча, Милан има дури осум победи и само едно нерешено, што значи дека и според традицијата, е голем фаворит.

Предлог тип: 1 (1.60)

 

Вулверхемптон – Манчестер сити (21:15 ч.)

За Сити ова ќе биде прв меч сезонава и Граѓаните се свесни дека не смее да киксираат затоа што Ливерпул, но и уште четири други клуба веќе имаат освоено шест бода од две кола. Вулверхемптон е тим кој полека станува кошмар за Сити. Ланската сезона Волците победија во двата меча во Премиер лигата, а во последните шест меѓусебни дуели, тимот од Манчестер само еднаш бил подобар во меч од 90 минути.

Двете екипи негуваат офанзивен фудбал, па може да очекуваме погодоци во двете полувремиња, а, секако, гостите се фаворити на крајот да стигнат до трите бода, иако играат без првиот стрелец Серхио Агуеро.

Предлог тип: 1-3 I& 1-3 II (1.81)

 

Бохум – Сент Паули (20:30 ч.)

Меч со кој треба да се комплетира првото коло во втората Бундеслига. Бохум ја почна сезоната со победа во Купот, додека Сент Паули уште на стартот беше елиминиран од Елверсберг, кој игра во регионална лига.

Сент Паули во минатата сезона само за два бода се спаси од испаѓање, а по стартниот пораз во Купот од тим кој е во пониска лига, јасно е дека и оваа сезона главен мотив за нив ќе биде да не испаднат.

Предлог тип: 1 (1.95)

 

Динамо Москва – Акмат Грозни (18 ч.)

Кога игра Динамо сезонава, едноставно тоа е знак дека ќе се изнагледате голови. По седум одиграни меча, гол-разликата на тимот од Москва е шест дадени и четири примени гола, што значи дека вкупниот просек на голови по меч е под два.

И гостинот од Грозни не игра посебно добар фудбал, па може да очекуваме тврд меч во кој домаќините ја имаат улогата на фаворити.

Предлог тип: 0-2 (1.66)

 

Фенербахче – Хатајспор (19 ч.)

Двата тима започнаа со победи во турското првенство. Фенербахче очекува дека ќе има многу подобра сезона од лани, кога завршија на седмото место. Хатајспор е тим кој сега влезе во елитата и во првото коло го направи најголемото изненадување, победувајќи го шампионот Башакшехир со 2:0.

Тим составен од интернационалци е Хатајспор и сигурно ќе биде незгоден ривал, но Фенер едноставно не смее уште на стартот да губи бодови на свој терен

Предлог тип: 1&3+ (2.05)

 

- Оглас -

Најнови вести