Милан му го продолжи договорот за да се заштити од „нападите“ на Челзи, ПСЖ и Сити

Милан се пофали дека и официјално го задржува Тео Ернандес до 2026 година. Францускиот лев бек дојде на „Сан Сиро“ во 2019 година и во нецели три сезони веќе има 108 меча за Милан во кои постигнал и 19 погодоци, плус 18 асистенции.

Претходниот договор на Тео беше до 2024 година, но челниците на Росонерите решија да му го продолжат за дополнителни две сезони.

Ваквиот потег на Милан е по зачестените шпекулации дека екипи како Челзи, Пари Сен Жермен и Манчестер сити се заинтересирале за Французинот.

- Оглас -

Најнови вести