Милан сакаше да го купи, но додека „росонерите“ се одлучат, тој замина во Фиорентина

Милан никако да доведе играч кој ќе им биде по желба. „Росонерите“ веќе подолго време сакаа во своите редови да го купат Луис Муриел од Севилја. Чекаа да дојде зимскиот преоден рок, за да го доведат на „Сан Сиро“, но не успеаа. Фиорентина ги претрка.

Клубот од Фиренца потврди дека постигнале договор со колумбискиот напаѓач, па Муриел ќе игра во виолетовиот дрес и тоа како позајмен играч до крајот на сезоната. Доколку сака, Фиорентина на крајот од сезоната ќе може да го откупи договорот на играчот на Севилја за сума од 13 милиони евра.

Муриел не е посакуваната форма, па во последните 65 меча даде само 13 погодоци и тоа е главната причина поради која Севилја сака да го продаде. Пред да дојде во Севилја, тој има настапувано за Лече, Удинезе и Сампдорија, што значи дека многу добро го познава италијанскиот фудбал.

На Милан сега му останува да се обиде да го доведе Сеск Фабрегас од Челзи.

 

 

- Оглас -

Најнови вести