Милер го прекрсти Горецка, само да не почне да го користи новиот прекар против нас

Томас Милер е еден од ретките во Баерн што не е премногу загрижен по повредата на Роберт Левандовски и дури успеа со интересен прекар за Леон Горецка да ги насмее симпатизерите на германскиот првак и тие на националната селекција.

„Не се секирајте, ние го имаме Леон Скорецка“, изјави Милер. Алузијата е јасна и Горецка стана Скорецка, односно од него Милер очекува да дава голови додека Левандовски повторно не биде на терен.

https://twitter.com/SPORT1/status/1377162966789845009?s=20

Најдобриот играч на светот и прв стрелец во Бундеслигата, Левандовски, се повреди на меч на полската репрезентација и нема да игра за Баерн на двомечот против ПСЖ во четвртфиналето на Лигата на шампионите на 7 април во Минхен и на 13 април во Париз.

Тоа е голем удар за Баварците, но Милер е оптимист. Вечерва Горецка веројатно нема да биде стартер против Македонија во Дуисбург од 20.45 часот, а Јоаким Лев планира да го одмори играчот на Баерн.

Горецка играше во првата постава на четирикратниот светски првак против Исланд и Романија, и тоа одлично, а можно е да влезе во игра и против нас, но најавено е дека ќе биде резерва.

 

- Оглас -

Најнови вести