Милер го продолжи договорот со Баерн, но беше на дистанца со раководството

Смртноста во Германија од Коронавирусот е многу помала отколку во другите големи земји, а една од причините за тоа е можеби и фактот дека во Германија се почитуваат препораките за дистанцирање на луѓето еден од друг. Доказ дека Германците се дисциплинирани дојде и денеска од официјалното потпишување на договорот со кој Томас Милер останува во Баерн Минхен до 2023 година.

Милер уште три години останува во редовите на Баварците, него веќе никој не може да го замисли во друг клуб, а при продолжувањето на верноста кон најтрофејниот германски клуб, Милер седеше на повеќе од еден метар оддалеченост од Хасан Салихамиџиќ и Оливер Кан, кои беа претставници на клубот при церемонијата. По потписот, немаше ракување.

Екипата на Баерн почна да тренира, и тоа под специјален режим, со држење дистанца на играчите еден од друг. Сепак, паузата се покажа како проблематична и им најавува на другите што ги чека кога ќе почнат со тренинзи. Прв кој се повреди е Толисо. Тој почувствувал болки само 15 минути по почетокот на тренингот. Најавите се дека Бундеслигата ќе продолжи во првата недела од мај.

- Оглас -

Најнови вести