Милер: Мане секој ден ме потсетува дека утре не смеам да му додавам на Левандовски!

Баерн Минхен утревечер ја пречекува Барселона во дербито на денот во Лигата на шампионите, а еден од најискусните поединци во баварскиот тим, Томас Милер, ќе се потсети како е да се игра против Роберт Левандовски, со кого долго беа убиствен тандем во нападот на Баерн.

Сега Левандовски е во Барса, а Садио Мане се погрижил Милер да не заборави оти со Роберт веќе не се тимски колеги.

Мане десет дена по ред постојано ме потсетува дека утре мора да бидам сконцентриран и да не се случи случајно да му ја подадам топката на Роберт“ – се пошегува Милер кој е еден од најголемите „душмани“ на Барселона, со 8 голови во мрежата на Каталонците.

„Треба да ја играме нашата игра, а не да се фокусураме на Левандовски. Барселона игра ефикасно сезонава. Мислам дека неутралните фанови ќе уживаат во мечот. Сакаме да играме против екипи кои негуваат офанзивен фудбал. Лигата на шампионите ни дава поголем мотив отколку мечевите во Будеслигата каде обично играме против екипи кои се бранат“ – вели Милер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести