Милевски со 24-рица фудбалери ќе атакува на бодови во последниот квалификациски циклус за ЕП 2021

Фудбалската репрезентација на Македонската до 21 година,на 12 и 17 ноември против Израел и Црна Гора на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ ќе ги одигра последните два квалификациски натпревари за пласман на Европското првенство 2021 година.

Селекторот Благоја Милевски повика 24-рица фудбалери за последниот квалификациски циклус, а за него е важно во добро светло да се завршат квалификациите, што значи дека надежите ќе целат на победа во двете средби.

„Сметам дека е многу важно да ги заокружиме овие квалификации со натпревари во кои ќе прикажеме добра игра и, секако, ќе бараме победа. Во двата претходни меча игравме без тројца стандардни фудбалери од првиот состав, Ристовски, Серафимов и Фазлагиќ, а против Израел бевме и без Руфати. За дуелите кои следуваат, повторно не можеме да сметаме на Ристовски и Фазлагиќ, но се враќаат Серафимов и Руфати. Впечатокот е дека направивме одлична селекција, играме квалитетен циклус, се надевам дека во таа насока и ќе завршиме, а ќе видиме што ќе ни донесе тоа на крај. Голем дел од фудбалерите веќе потврдија дека имаат потенцијал за репрезентацијата А, а тоа значи дека сме направиле добра работа“, изјави селекторот Милевски.

Селекторот Милевски за двете важни пресметки ќе смета на следните фудбалери:

Гoлмани: Ристе Јанков, Давид Денковски, Марко Алчевски;

Одбрана: Агрон Руфати, Есмин Личина, Филип Антовски, Тодор Тодоровски, Бојан Илиевски, Никола Серафимов, Блертон Шеји, Оливер Стојменовски;

Среден ред: Давор Здравковски, Кристијан Ацковски, Јани Атанасов, Агон Елези, Томче Гроздановски, Димитар Митровски;

Напад: Бојан Миовски, Дарко Чурлинов, Љавдрим Фазлиу, Ердон Даци, Давид Тошевски, Марко Ѓорѓиевски, Кристијан Трапановски.

Нашите надежи го заземаат второто место во групата 6 од квалификациите за ЕП со 14 бода. Израел има 12 на третото место, Шпанија е прва со 22 бода. Црна Гора е петта со седум освоени бодови, зад Казахстан со 10 бодови. Последни се Фарски Острови со шест бодови.

- Оглас -

Најнови вести