Милвоки по 47 години повторно ќе игра во големото НБА финале, навивачите збеснаа (Видео)

Милвоки бакс е противникот на Феникс санс во големото НБА финале, кое ќе започне на 7 јули во 3 часот наутро по македонско време. Милвоки успеа да направи нешто што навивачите на овој тим го чекаа од 1974 година, се пласираше во големото финале и ќе игра за вредниот трофеј.

Бакси ноќеска се израдуваа на трофејот наменет за најдобрата екипа на Истокот, откако со 118:107 на гости триумфираа против Атланта и со вкупни 4:2 во победи стигнаа до финалето. Гостите уште од стартот покажаа дека се дојдени да победат и стартуваа со 7:0, а потоа имаа и двоцифрена предност од 15:4. Водството на Милвоки константно беше меѓу три и 10 разлика, а Атланта најблиску стигна на стартото од третата четвртина, кога намали на 45:47.

Тоа како да ги налути гостите, кои иако играа без првата ѕвезда Јанис Адетокумбо, покажаа шампионска игра. со серија од 13:0, прво стигнаа до 60:45, а пред крајот на третиот квартал имаа и највисоки 89:70. Тогаш беше јасно дека Милвоки ќе победи и ќе игра во големото финале, кое го чека речиси половина век.

Победата на Милвоки предизвика делириум кај навивачите кои излегоа на улиците да го прослават големиот успех.

 

- Оглас -

Најнови вести