Милвоки се избори за мајсторка, Мидлтон и Јанис како Коби и Шек (Видео)

Милвоки бакс победи на свој терен со 104:89 против Бруклин нетс во шестиот меч од полуфиналето на источната конференција од плејофот во НБА лигата и се избори за мајсторка, односно решавачки седми меч. Домаќините уште од стартот покажаа дека нема да дозволат да бидат елиминирани на свој терен, па брзо поведоа со 10:2, а потоа константно ја контролираа предноста која се движеше од 4 до 15 разлика.

На почетокот на последната четвртина, Милвоки заигра уште подобро, па стигна до тогаш највисока предност од 96:77 и беше јасно кој е победникот. Крис Мидлтон и Јанис Адетокумбо уште еднаш потврдија дека се одличен тандем. Мидлтон заврши со 38 поени и 10 скока, а Јанис имаше 30 поени и 17 скока.

Со овој учинок, тие ги достигнаа легендарните Шекил О’Нил и Коби Брајант кои до сега беа единствени што успеале во плејофот на два меча по ред, двајцата да имаат учинок од 30+ поени и 10+ скока. Кај Бруклин најефикасен беше Кевин Дурант со 32 поени и 11 скока.

Решавачкиот седми меч се игра на теренот на Бруклин.

 

- Оглас -

Најнови вести