Минималец доволен за Реал на „Бенито Вилјарарин“ (видео)

Реал Мадрид избоксува минимална победа од 1-0 на гостувањето кај Бетис благодарение на Дани Карвахал и неговиот одличен погодок во 61-та минута при асистенцијата на Бензема.Шпанскиот бек донесе нови три бода за тимот на Анчелоти за преноќување на врвот на табелата во Ла Лига по три одиграни натпревари со седум освоени бода.

За првпат по речиси девет години, на стадионот „Бенито Вилјамарин“ е забележан минимален резултат кога се среќаваат Бетис и Реал Мадрид. Во претходните седум меѓусебни средби на овие две екипи два гола е најмал учинок, во кои дури четирипати паѓале пет или повеќе погодоци.

https://twitter.com/ut_goat/status/1431729384428384260

- Оглас -

Најнови вести