ЗАСЛУЖЕНО: Миовски доби место во тимот на колото во Шкотска

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски за брзо време се промовираше во шкотското првенство. Напаѓачот на Абердин беше најзаслужен за првата победа сезонава, откако постигна два гола на дуелот против Сент Мирен.

Миовски најпрво погоди во 24-тата минута од пенал, а 13 минути подоцна зголеми и на 2:0, а потоа Абердин без многу мака да стигне до посакуваните три бода.

Токму за оваа игра, Миовски доби оценка 8.39 и му донесе место во Тимот на колото во Шкотска. Од сите фудбалери кои се дел од најдобрите 11 во Шкотска за ова коло, само Жота од Селтик има подобра оценка од Миовски.

- Оглас -

Најнови вести