Миовски конечно го прекина постот, го даде првиот гол во шкотската Премиер лига по пауза од два месеца

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски ја прекина црната серија без постигнат гол во шкотската Премиер лига откако вечерва го реализира ударот од белата точка против Сент Мирен.

Ова беше 12-ти гол за Миовски во Премиер лигата, а прв по 12 ноември 2022 година. Тогаш погоди за триумф против Данди јунајтед.

Интересно е што Миовски во исто време ја прекина и црната серија на Абердин. Имено, Абердин до вечерва прими 13 гола на три натпревари, а не постигна ниту еден. Токму Миовски го даде последниот гол на Абердин до вечерва, против Ренџерс во Лига купот.

Иако прекина една лоша серија, Миовски не може да спречи друга, Абердин се наоѓа пред пораз бидејќи во последните моменти од средбата губи со 1:2 од Сент Мирен.

- Оглас -

Најнови вести