Миовски од Абердин посакува да направи трансфер во англиската Премиер лига

Македонскиот репрезентативен напаѓач Бојан Миовски, кој има одлична сезона во шкотскиот Абердин и моментно е трет стрелец во шкотската лига, посакува во иднина да заигра во англиската Премиер лига.

Во интервју за шкотски медиум, тој откри дека од дете навива за Реал Мадрид, а во Англија омилен му е Манчестер јунајтед. За Бојан има интерес од клубови од неколку клубови во топ 5 лигите, се спомнуваат Ремс, Саутхемптон, Лацио, и можно е уште летово да направи голем трансфер.

„Целта ми е да играм во тим од топ 5 првенствата, а ако мора да бирам, би отишол во Премиер лигата во Англија. Јас сум голем фан на Реал Мадрид, а од англиските омилен тим ми е Манчестер јунајтед“, изјави Миовски, кој има договор со Абердин до 2026 година.

- Оглас -

Најнови вести