Мирандес загуби на „Аноета“, но неговата бајка уште е жива

Реал Сосиедад го направи првиот чекор кон финалето во шпанскиот Куп, со 2-1 славеше на домашен терен против второлигашот Мирандес. Сепак, овој резултат не им гарантира ништо на Баскијците бидејќи претходните екипи од шпанската елита многу лошо поминаа на гостувањата кај Мирандес.

Статистички гледано, гостинските фудбалери беа потполно рамноправни на теренот против фаворитот во овој двомеч, меѓутоа квалитетот на екипите ја направи разликата. Триумфот на Сосиедад го донесоа Ојарзабал, кој погоди од пенал уште во деветтата минута, пред Ајас да израмни на 1-1 точно по половина час, додека Одегард ги постави конечните 2-1 во 42-рата минута.

Реваншот на „Андува“ е предвиден за 4 март.

 

- Оглас -

Најнови вести