„Мириса“ дека ќе има многу голови: Познат е составот на Барселона за „Ел Класико“

Уште помалку од 24 часа до првото „Ел Класико“ сезонава, а во шпанските медиуми веќе го најавуваат стартниот тим на Барселона. И Барселона и Реал неочекувано загубија и тоа без да дадат гол во претходното коло од домашното првенство, па сега се очекува офанзивните редови на двата гиганти да биде во вистински ритам.

Тренерот на каталонскиот гигант, Роналд Куман планира да игра во формација 4-2-3-1, во која има четворица опасни офанзивци. Лионел Меси треба да биде најистурен, а зад него да стои Кутињо. По страничните позиции ќе напаѓаат Гриезман и Фати.

Борба во средината на теренот треба да водат Бускетс и Де Јонг. Овој дел од теренот може да биде и клучен, затоа што тимот кој ќе ја добие битката за поседот на топката на средината, ќе има поголеми шанси за триумф.

На голот ќе биде Нето, а во дефанзивната четворка без многу промени со Роберто, Пике, Ленгле и Алба. Некои шпекулации беа дека Пике може да го пропушти „Ел Класико“ поради критиките упатени кон управата на Барселона, но Куман потврди дека  искусниот стопер има место во стартниот тим.

 

- Оглас -

Најнови вести