Мириса на дебакл на Јунајтед, „граѓаните“ по само 45 минути имаат висока предност (ВИДЕО)

Манчестер сити води со убедливи 4-0 по првото полувреме против градскиот ривал Манчестер јунајтед во дербито на деветтото коло во Премиер лигата.

Граѓаните во првото полувреме целосно доминираа на „Етихад“, имаа 64% посед на топката и дури 15 шута кон голот на Јунајтед, а седум во рамките на голот, таквата игра ја крунисаа со четири гола.

Гол шоуто го отвори Фил Фоден уште во осмата минута по одличната асистенција на Бернардо Силва.

Десет минути подоцна Гундоган ја погоди стативата, а потоа на сцена стапи Ерлинг Халанд. Норвежанецот во 34 и во 37 минута постигна два гола за убедлица предност.

Фил Фоден со вториот гол во 44 минута му носи голема предност на својот тим и најави катастрофа на Јунајтед, а очајната игра на „црвените ѓаволи“ ги натера гостинските навивачи уште на полувреме да си заминат од стадионот.

- Оглас -

Најнови вести