Мирослав Клозе доби отказ!

Легендата на германскиот фудбал, Мирослав Клозе, не ја почна најдобро својата тренерска кариера, доби отказ по девет месеци шефување во австриски Алтах.

Алтах е последен на табелата во австриската Бундеслига, има серија од девет меча без победа, па клубот реши да ја прекине соработката со 44-годишниот Клозе и со друг стручњак ќе брка опстанок.

Клозе по завршување на играчката кариера, како тренер и помошник работеше во јуниорскиот У-17 тим на Баерн Минхен, а Алтах му беше прв сениорски клуб што го водел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести