Мициќ во НБА стил го здроби Панатинакос (Видео)

Српскиот репрезентативец Василије Мициќ одигра брилијантно за Анадолу Ефес во Атина и постигна 33 поени во победата на турскиот тим против Панатинаикос.

Во меч од осмото коло во Евролигата Мициќ апсолутно господареше на паркетот и во НБА стил го предводеше својот тим до четврта победа во седмиот меч сезонава во најсилната европска лига.

https://twitter.com/beINSPORTS_TR/status/1327343027115991045?s=20

 

Претходно во премиерниот дуел за денеска во Евролигата Реал Мадрид ја победи Црвена Ѕвезда во Белград со 73:67, а потоа и Баерн ја победи Валенсија со 90:79 и Зенит славеше со 66:53 против Лион.

- Оглас -

Најнови вести