МКФ ќе го организира Купот на Македонија

Одлуката за домаќин на Купот на Македонија ќе ја има МКФ откако денес никој не се пријави во наддавањето да биде организтор. Бидејќи немаше заинтересирани, Федерацијата најверојатно ќе го организира Купот во соработка со некој од клубовите-учесници кој ќе понуди добри услови во салата за да се игра турнирот.

Учесниците во Купот се веќе познати. Работнички, Блокотехна, МЗТ Скопје и Гостивар се носители, додека нивни потенцијални противници ќе бидат Фени индустри, Куманово, Кожув и АВ Охрид.

Финалниот турнир од Купот ќе се одржи од 15-ти до 17-ти февруари 2019 година. Во истиот период ќе се одржи и женскиот Куп, а за трофејот ќе се борат Бадел 1862, Вардар, Струга 2009 и Работнички.

- Оглас -

Најнови вести